Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција на суд ќе го решава спорот со Британија: Регулацијата на риболовот се уште главен јаз после Брегзит

Француските власти денеска најавија дека ќе побараат од Европската унија да покрене тужба против Велика Британија поради повеќемесечниот спор меѓу Лондон и Париз за правото на риболовење.

По средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и претставниците на француските рибари, Париз соопшти дека ќе побара состанок меѓу Партнерскиот совет ЕУ-Велика Британија, политичкото тело задолжено за прашањата по Брегзит.

Во срцето на спорот Париз-Лондон се британските риболовни дозволи.

Пред Брегзит, француските рибари можеа да ловат длабоко во британските води. Сега им треба посебна дозвола од владата во Лондон или од самоуправните британски територии за да ловат риба во одредени области.

Франција доби 93 отсто од лиценците што ги побара, но бара одобрување на уште 73 лиценци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!