Вие имате прво да ја знаете вистината

Ќерката на покојната музичка легенда, Мики Јевремовиќ, отиде на естетска корекција а заврши на итна операција! Испрати голема порака до сите девојки и жени

Пејачката Јелена Јевремовиќ, ќерката на покојната музичка легенда Мики Јевремовиќ, неодамна отиде на консултација за естетска корекција на градите и во таа прилика откри дека има проблем со левата града.

Направена е итна операција, а по 6 часа операција испрати важна порака до сите жени и девојки и ја подигна свеста за ракот на дојката.

Ова не е порака за самосожалување. Ова е искрено барање и апел до сите девојки и жени, особено оние кои се чувствуваат здрави и живеат нормално, безгрижно, како мене. Ве молам, не ги занемарувајте градите! Не сме ни свесни колку е злобен и подмолен туморот на дојката. Доаѓа тивко, тивко се шири и еден ден не брише како гума за бришење – ја започна својата приказна Јелена.

Не сме родени научени, не е доволно да ги допираме градите и да тврдиме дека се е во ред. Не сме стручњаци, не знаеме, па мораме редовно да одиме на ултра звук на градите (на 6 месеци), како и мамографија (по 40 години на секои 18 месеци). Роковите за редовни контроли се намалени, бидејќи има се повеќе пациенти, особено млади жени! Отидов на консултација за естетска корекција на градите и дознав дека имам промена на левата града – додаде пејачката.

За среќа, со фантастичен тим лекари, предводени од Игор Георгијев, Марко Јевриќ и Александра Станковиќ, како и со одличниот болнички персонал, по речиси 6 часа на операциона маса, фала богу, помина добро. Деновите пред процедурата бев во агонија, плашејќи се дека ракот е малиген, се загрижував и постојано размислував за децата и за сите оние кои ги оставам зад себе кога ќе лежам на операционата маса – изјави Јевремовиќ.

Јас сум храбара, речиси неуморна, јас никогаш не се откажувам. Но, кога е во прашање вашиот живот и здраствената состојба вие немате контрола, па се чувствувате беспомошни и слаби во моментот. Нема ништо полошо и пострашно од тоа . Затоа, ако често правиме барем малку за себе, тоа е многу! – додаде таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!