Вие имате прво да ја знаете вистината

100 војници од најелитната воена служба во САД отпуштени од работа поради непослушност т.е. не вакцинација

Повеќе од 100 американски војници од најелитната американска гарда, се отпуштени откако одбија да бидат вакцинирани против вирусот Ковид-19. 

Американските маринци потврдија дека вкупно 103 лица се отпуштени, а се очекува и официјално да добијат разрешување од работните места.

Портпаролот на американската елитна единица, мајорот Џим Стенгер изјави дека се направени 1.007 исклучоци за вакцинација од медицински и административни причини, додека досега се одбиени 2.830 исклучоци од религиозни причини. Извесно е дека од истите причини ќе бидат одбиени уште 300 апликации, односно ќе бидат отпуштени уште 300 војници.

Активниот персонал имал рок до 28 ноември да се вакцинира или да поднесе барање за ослободување од вакцинација.

Веста за отпуштањето на војниците доаѓа набргу по отпуштањето на 27 припадници на американските воздухопловни сили, кои исто така одбија да се вакцинираат. Тие не побараа никаков исклучок и официјално беа казнети за непослушност.

Истите методи ќе бидат искористени и врз американската морнарица во блиска иднина. До минатата недела, нешто повеќе од 5.700 војници беа невакцинирани, иако рокот за вакцинација беше поминат.

Наводно, околу 40.000 американски војници одбиле вакцинација или побарале исклучок, што е околу 3 отсто од вкупниот број војници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!