Вие имате прво да ја знаете вистината

Австралија руши рекорди по бројот на заразени. Премиерот на државата ги смирува граѓаните: Ситуацијата не е како во Европа и САД

Австралија денеска забележа рекордно висок број на ново заразени случаи со Ковид-19. Трет ден по ред бројките во таа земја се поместуваат, а како што беше соопштено, бројот на заразени најмногу расте во двете најнаселени сојузни држави Нов Јужен Велс и Викторија. 

Нов Јужен Велс забележа 2.482 нови случаи, додека 1.504 случаи беа регистрирани во Викторија. Премиерот, Скот Морисон повтори дека фокусот треба да биде ставен на хоспитализираните пациенти и случаите кои се на интензивна нега и респиратор, наместо акцентот да се става на бројот на заразени. 

Премиерот Морисон, продолжи да ги намалува тензиите помеѓу граѓаните, бидејќи земјата почна да ги олеснува мерките бидејќи, според тамошниот премиер, тие полека учат да живеат со вирусот. Тој изјави дека Австралија не е во иста позиција како Велика Британија, Европа или Северна Америка, каде случаите растат.

Во најновото олеснување на мерките, целосно вакцинираните меѓународни патници кои пристигнуваат во Сиднеј и Мелбурн повеќе нема да мора да се изолираат 72 часа, соопштија вчера Нов Јужен Велс и Викторија.

Но сепак, патниците кои пристигнуваат ќе треба да направат PCR тест во рок од 24 часа по пристигнувањето, исто така ќе треба да бидат изолирани додека не добијат негативен тест. Инаку, Австралија досега има регистрирано 239.000 случаи и 2.130 смртни случаи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!