Вие имате прво да ја знаете вистината

Бен Афлек и Џенифер Лопез фотографирани заедно по неговата скандалозна изјава за поранешната сопруга (ФОТО)

Бен Афлек и Џенифер Лопез беа фотографирани вчера пред неговото гостување во емисијата „Џими Кимел во живо!“ во Холивуд.

Лопез се одлучи за опуштена варијанта – џемпер и фармерки, додека Афлек малку поелегантна комбинација – кошула и панталони. Носеше камел палто, додека пејачката го заокружи изгледот со сино небесно палто.

Афлек моментално го промовира својот нов филм „The Tender Bar“ и тој момент е сега во втор план.

Тој во моментот е во центарот на вниманието бидејќи гостувајќи во „The Howard Stern Show“ го коментираше пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер, за кој кажа дека не функционирал, а доколку продолжел веројатно, како што вели, сепак би имал проблем со алкохолот.

Неговата приказна предизвика големи реакции во јавноста, па многумина коментираа на мрежите.

Бен (49) од пролетта оваа година е во врска со Џенифер Лопез (52) со која беше свршен пред да стапи во врска со Џенифер Гарнер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!