Вие имате прво да ја знаете вистината

Вакцината на компанијата Фајзер наменета за деца не го обезбеди очекуваниот имунитет, се воведува трета доза

Фармацевтската компанија, Фајзер, соопшти дека тестирањето на нејзината вакцина против Ковид-19 вирусот наменета за деца на возраст од две до пет години не го обезбедила очекуваниот имунитет и дека ќе се воведува дополнителна трета доза.

Студијата покажа дека две дози од вакцината на Фајзер прилагодени за деца не го создале очекуваниот имунитет кај децата на возраст од две до пет години, иако воглавно тоа е случај за бебиња до две годишна возраст. 

Затоа, по анализата на податоците, компанијата одлучи да вклучи трета доза во својата програма за тестирање вакцини за сите деца и бебиња на возраст од шест месеци до пет години.

Клиничките испитувања ќе вклучуваат евалуација на ефикасноста на третата доза од три микрограми, која ќе биде дадена најмалку два месеци по примањето на втората доза за да се обезбеди високо ниво на заштита за оваа возрасна група, соопшти компанијата во изјава.

Фајзер ја намали дозата дадена на помалите деца во споредба со онаа дадена на возрасните. Имено, за возрасната група од 12 и повеќе години дозата е 30 микрограми, а за деца од пет до 11 години 10 микрограми, а за најмладите 3 микрограми. 

Прелиминарните студии покажаа дека намалената доза треба да предизвика силен имунолошки одговор кај децата и да го намали ризикот од несакани ефекти.

Доколку студијата со три дози се покаже успешна, планираме да ги обезбедиме сите потребни податоци до регулаторните агенции во првата половина на 2022 година за да добиеме итно одобрение за употреба на вакцината кај деца од шест месеци до пет години, соопштија од компанијата Фајзер.

Компанијата ќе ја тестира и ефикасноста на третата доза кај постарите деца, на возраст од пет до 11 и од 12 до 15 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!