Во англиската Премиер лига владее вистински хаос, се одложи и шестиот натпревар за ова натпреварувачко коло.
Астон Вила денеска во 16 часот требаше да гостува на Барнли, но тој натпревар беше одложен поради Ковид-19.
Од клубот соопштија дека има премногу заразени и дека натпреварот нема да се одигра.
Да потсетиме, денеска одложени се дуелите помеѓу Манчестер Јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас, Вест Хем – Норич и Евертон – Лестер.