Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем скандал, директорот на АНБ Виктор Димовски молчи, а Рускоска обвинува: “началник за тероризам чува дома документи кои се државна тајна”

Интервјуто со шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска за емисијата Во Центар предизвика вистинска бура во јавноста. Со свои изјави или писмени дописи во јавноста, а во врска со кажаното во интервјуто, реагираа Јане Ченто, Фросина Ременски, Бојан Јовановски…, но иако беше споменат директорот на АНБ, Виктор Димовски, веќе втор ден изостана неговата реакција.

Рускоска директно го посочи или го прозва Димовски дека дел од вработените во АНБ, конкретно Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски, кој е на висока функција во АНБ, дома чувал класифицирани документи, кои биле откриени при претресот на нивната куќа во елитната скопска населба Бардовци.

При претресот кај нив дома, се пронајдени документи со државна тајна, со строго доверливо. Знаеме според Законот за класифицирани информации каде и како се чуваат такви документи, рече Рускоска.

Дали имате пријава за тоа, праша новинарот?

Го известив тогаш директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, му ги покажав. Во меѓувреме, и покрај моето известување, тој го назначи Ременски за помошник директор или началник, веќе не им ги знам функциите, за борба против тероризам во АНБ и кога го прашав чекај ова што ти го кажав и ти го покажав, тој ми одговори дека не беше званично, објасни Рускоска.

Добро, му пратив и званично, рече таа.

Нема реакции, праша новинарот?

Никаква, одговори Рускоска.

Значи дома кај Фросина Ременски се најдени документи кои се државна тајна, беше следното прашање?

И строго доверливо, дополни Рускоска.

Дали за такво дело има казна?

Законот за одавање тајни предвидува дека треба да бидат споделени, така е законскиот текст. Јас немав доказ дека било таа, било тој, ги споделил со некој неовластен, објасни Рускоска.

Значи само ако ги сподели неовластено?

Да. И поради тоа го известив директорот, рече обвинителката.

Значи тие документи се извадени од инстуцијата, праша новинарот.

Да, одговори Рускоска. Според Законот за класифицирани информации се знае како се чуваат и каде се чуваат. Ама не се чуваат дома, објасни Рускоска и додаде:

Затоа и ни се такви безбедносните структури, во тоа апсолутно се сложуваме.

Изненадува немањето никаква реакција од Димовски. Ако сите функционери и началници на АНБ си носат дома строго доверливи документи тогаш која е гаранцијата дека со тие документи, можеби, не се тргува или не дај боже да се користат за уцена, хајки против некој или нешто слично.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!