Вие имате прво да ја знаете вистината

Два руски бомбардери со долг дострел завршија патролна мисија во белорускиот воздушен простор

Два руски бомбардери со долг дострел завршија патролна мисија во белорускиот воздушен простор и се вратија во својата база во Русија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Два бомбардера со долг дострел Ту-22МЗ на Воздухопловните сили завршија патролна мисија во белорускиот воздушен простор“, се вели во соопштението на руското Министерство.

Во соопштението се додава дека авионите со долг дострел во текот на летото вежбале заеднички задачи со воздухопловните сили и силите за воздушна одбрана на белоруските вооружени сили.

Како што јави агенцијата ТАСС, мисијата траеше четири часа. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!