Вие имате прво да ја знаете вистината

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите, тие го сочинуваат 3,6 отсто од светското население

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите, а според Меѓународната организација за миграција (ИОМ) лани имало повеќе од 280 милиони луѓе со статус на меѓународен мигрант, што претставува 3,6 отсто од светското население.

Меѓународниот ден на мигрантите се одбележува на 18 декември со одлука на Генералното собрание на ОН во 2000 година и е последица на големиот и се поголем број мигранти во светот.

Претседателот на Ад хок комисијата за миграција и потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристијан Вигенин, вчера повика на подобрување на меѓународната соработка во областа на миграцијата, како и на балансирање на сувереното право на државите да ги заштитат своите националните граници и почитувањето на човечкиот живот.

Во многу области во регионот на ОБСЕ, децата, жените и мажите се движат напред-назад преку границите, со целосно непочитување на нивните основни човекови права, изјави Вигенин по повод Меѓународниот ден на мигрантите.

Овогодинешниот Меѓународен ден на мигрантите ја одбележува 70-годишнината од Конференцијата во Брисел, која доведе до основање на организацијата, која од 1989 година е преименувана во Меѓународна организација за миграција.

Основана во 1951 година, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) е водечка меѓувладина организација во областа на миграцијата.

ИОМ моментално има 162 земји-членки и 9 со статус на набљудувачи, како и канцеларии во над 100 земји.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!