Дензел Вашингтон се расплака како гостин во популарната емисија на Стивен Колбер кога водителот му постави прашање за неговата мајка.
Мајката на Вашингтон почина оваа година.
„Мајката е првата вистинска љубов на синот. Синот, особено ако тој е прв син, е последната вистинска љубов на мајката“, започна Вашингтон, а гледачите видоа „кнедла во неговото грло“.
Актерот се извини со растреперен глас и пушти неколку солзи.
Вашингтон изјавил дека мајка му била секогаш таму во текот на неговиот живот и кариера, но дека повеќе ја нема, па повторно заплакал и побарал марамче од домаќинот.
“Ова е ужасно. Не плачев на погребот, знаеш?”, призна Дензел.
Водителот извадил фотографија на која позира со мајка си и го прашал зошто не плачел на погребот.
„Претпоставувам дека ги чував солзите за тебе“, се пошегувал Дензел, по што продолжиле со посреќен тон.
Овој емотивен момент трогна многу гледачи, кои коментираа: „Сега уште повеќе го почитувам“, „Изгледа дека страда“, „Ова можат да го разберат само луѓето кои ја изгубиле својата мајка“ …