Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма во германски музеј: Пожарникарите три часа спасувале човек кој бил качен на голема височина

Пожарникарите од германскиот град Хатинген во саботата навечер три часа се обидувале да спасат помлад човек кој бил на височина од 45 метри кој се наоѓал на Техничкиот музеј Хенрихшут во градот Хатинген, кој некогаш бил индустриски погон. На човекот на кој не му е познато зошто среде ноќ се качил на таа височина на музејот, се повредил при искачувањето и му била заробена ногата, а во спасувањето учествувале 45 пожарникари и спасувачи.

Тој имал среќа бидејќи го забележал случаен минувач. Медиумите јавуваат дека помладиот маж кој околу полноќ се качил на на височината, додека се качувал се заглавил помеѓу надворешниот дел и цевката и така останал заробен на висина од 45 метри и температура од 7 степени.

По три часа пожарникарите со помош на електрична опрема за сечење метал успеале со електричен секач да отстранат дел од предметот кој преставувал пречка и да му ја ослободат ногата на повредениот човек и потоа да го спуштат на земја. 

Пријавил дека се здобил со полесна повреда на ногата и дека откако бил вратен на земја бил пренесен во специјална клиника во Бохум. Од противпожарната станица соопштија дека управата на музејот ќе треба да провери дали и со какви ограничувања за заштита е зградата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!