Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма во Менхетен, Њујорк: Двајца тинејџери успеале да избегат низ олукот за време на пожар во станбена зграда (видео)

Пожар избувнал во станбена зграда во Менхетен, Њујорк, а 13-годишно момче и 18-годишна девојка успеаја да се спасат од пожарот спуштајќи се низ олуците на зградата. Пожарот, како што соопшти њујоршката противпожарна служба, зафатил стан на четврти кат од станбена зграда на Менхетен, а пожарот го гасиле 180 пожарникари.

Двајца тинејџери, кои останале заглавени во една соба од станот, решиле да излезат низ прозорецот и да се спуштат низ олукот. Противпожарната служба соопшти дека 13-годишно момче и 18-годишна девојка успешно успеале да излезат од зградата.

И покрај напорите на пожарникарите, во пожарот загина едно лице, а седум лица се повредени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!