Вие имате прво да ја знаете вистината

Запознајте го правилото „6 минути“ за поголемо уживање во сексот

Некои луѓе сакаат долга предигра, додека други сакаат веднаш да се „фатат на работа“. Без разлика каде припаѓате – се чини дека најдобриот начин да го подобрите вашиот сексуален живот е многу едноставен.

Спротивно на популарното верување дека тоа може да се постигне со испробување на пози од Кама Сутра, напорите сексот да биде чест или да трае подолго – студијата нарачана од Trojan Condoms покажа дека тие шест минути пред сексот се клучни.

Имено, шестминутното сексуално правило и неговото почитување може значително да ја подобри вашата врска, заклучиле истражувачите од студијата во која учествувале 1.500 Канаѓани.

Во основа, правилото вели дека луѓето треба да поминат најмалку шест минути уживајќи во нежноста пред целосниот однос, како што се бакнување, гушкање и други видови на предигра. Имено, во споредба со оние чија предигра била пократка или ја немало, оние чија предигра траела шест минути или подолго, пријавиле дека се чувствуваат многу подобро после сексот.

Резултатите покажале дека учесниците кои го следеле правилото рекле дека се „многу сексуално задоволни“ по сексуалниот однос, а тој број значително се зголемил (56 отсто од мажите и 55 отсто од жените) кога парот се гушкал после секс.

Утврдено е дека правилото од шест минути е особено важно за сексуалното искуство на жените, бидејќи 61 отсто од учесничките изјавиле дека не можат да постигнат оргазам без тоа. Мажите се согласуваат дека следењето на правилото од шест минути ги прави работите поудобни, но повеќето сепак би можеле да доживеат оргазам.

Зборувајќи за студијата, професорката по сексуалност Робин Милхаузен од Универзитетот во Гелф истакна колку е важно да не се брза со сексот.

„Посебно во хетеросексуалните врски, главниот настан е самата пенетрација. Често забораваме на можноста што доаѓа од поврзувањето после секс. Ранливи сме, се чувствуваме опуштено, се чувствуваме навистина поврзани и затоа, тоа е совршено време за интимност што може да доведе до повеќе сексуално задоволство“, објасни таа.

„Шест минути е критично време. Луѓето кои се најзадоволни од нивните состаноци прават различни активности. Тоа е едноставна работа што луѓето можат да ја направат во нивните односи, а не чини ништо“, заклучила таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!