Вие имате прво да ја знаете вистината

Заработија два милиони евра од лажни ковид пропусници, издадени се 10.000 лажни сертификати, мрежата е растурена

Мрежата преку која беа направени меѓу 5.000 и 10.000 лажни пропусници за ковид, за профит проценет на два милиони евра, делумно е растурена овој месец во Франција, објави вечерва агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до аферата.

Еден пар беше приведен во декември, рече извор на агенцијата. Истрагата на париското обвинителство продолжува за идентификување на други учесници во мрежата.

Според првите елементи од истрагата, фалсификаторите успеале да ги добијат податоците на фармацевтите и во нивно име да изработат здравствени пропусници.

Вкупно се издадени меѓу 5.000 и 10.000 пропусници, а заработката се проценува на два милиони евра.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во четвртокот изјави дека се започнати 400 истраги за разбивање на мрежата на лажни пропусници за Ковид, додавајќи дека се приведени околу 100 лица.

Истовремено се приведуваат и корисници и учесници во мрежата на издавање лажни сертификати.

Според француското Министерство за внатрешни работи, околу 110.000 лажни здравствени пропусници циркулираат во Франција од нивното воведување летово.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!