Вие имате прво да ја знаете вистината

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Италија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Италија и областа околу Бергамо, соопшти италијанската агенција за вулканологија (ИНГВ).

Земјотресот го погодил Бонате Сото, град во областа Бергамо, а епицентарот бил на длабочина од 26 километри.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван во целата област, а го почувствувале и жителите на Милано.

Миланската противпожарна служба соопшти дека нема директни извештаи за штети или потенцијални жртви во градот, пренесува италијанската агенција Анса. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!