Вие имате прво да ја знаете вистината

Индија успешно тестираше нова генерација балистички проектили

Индија денеска успешно ја тестираше балистичката ракета од новата генерација „Агни П“, која е способна да носи нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на таа земја.

Ракетата била истрелана од островот Абдул Калам, во близина на брегот на источната индиска држава Одис, соопшти Министерството.

Индиските медиуми објавија дека балистичката ракета со среден дострел „Агни П“ е развиена од Организацијата за одбранбен развој и истражување како наследник на ракетите „Агни-1“ и „Агни-2“. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!