Вие имате прво да ја знаете вистината

И НАДАЛ со став ЗА ВАКЦИНАЦИЈАта: „Не се правам дека знам повеќе од лекарите!“

Рафаел Надал се осврна на темата за вакцинација на прес-конференција по полуфиналето на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Шпанецот беше поразен од Енди Мари во два сета во нивниот прв меч по пет и пол години.

Ниту сум за ниту против вакцинација, само следам што велат одговорните за здравство. Не се преправам дека знам повеќе од докторите. Ако луѓето кои навистина ја знаат ситуацијата велат дека треба да се вакцинираме, зошто јас би создал поинакво мислење? – изјави Рафаел Надал.

Пред мечот меѓу Мари и Надал, АТП објави дека Рафа по четврти пат, а трет пат по ред ја добива наградата Штефан Едберг за фер плеј.  

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!