Вие имате прво да ја знаете вистината

Кандидатот за прв афрички папа си поднесе неочекувана оставка

Кардиналот, Петер Турксон неочекувано денеска ја поднесе својата оставка. Турксон многумина го гледаа како потенцијален кандидат за прв африкански папа по 1500 години.

Тој е еден од клучните советници на папата Франциско за прашања како што се климатските промени и социјалната правда. Тој е единствениот Африканец кој е на функција и води оддел во Ватикан. Според неофицијални извори од Ватикан, папата допрва треба да одлучи дали ќе ја прифати неговата оставка.

Инаку, Турксон раководи со голем оддел во Ватикан кои се занимава со интегрален човечки развој. Со неговото заминување, нема да има Африканци во Ватикан кој ќе раководат со одредени оддели. Додека кардиналот Роберто Сара од Гвинеја се пензионираше минатата година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!