Вие имате прво да ја знаете вистината

Кристијано Роналдо: Фергусон секогаш го гледав како татко (видео)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон дадоа заедничко интервју за клупската телевизија.

Замислете, имате 18 години, доаѓате од Спортинг Лисабон и играте со ѕвезди како Гигс, Сколс, Кин, Солскиер. Бев малку нервозен, но Фергусон многу ми помогна во тој период да се поврзам со другите играчи. Се сеќавам дека од време на време ме повикуваше во неговата канцеларија и дека првично комунициравме преку преведувач. Не беше голем проблем. Главната работа беше она што ми го кажа Фергусон, тој ми помогна да пораснам како фудбалска но и како достоинствена личност. Тој ми помогна од првиот ден и направи се што ми вети. Секогаш велам дека Фергусон ми е како татко во фудбалот, изјави Роналдо во заедничкото интервју.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!