Вие имате прво да ја знаете вистината

На Холандија и се заканува целосен карантин! Бројките во постојан раст, Марк Руте најави строги мерки

Здраствените експерти, кои ја советуваат холандската влада за борба против вирусот Ковид-19, препорачаа денеска земјата да влезе во строг карантин, само неколку дена откако делумниот карантин беше продолжен до јануари.

Холандските медиуми цитираа изјави на експерти, чии препораки се објавуваат откако владата ќе донесе одлука за истите, каде се препорачува затворање на сите продавници освен главните маркети за прехрана.

Министерот за здравство, Уго де Јонге претходно изјави на новинарите дека е многу загрижен поради брзото ширење на новиот вид Омикрон, кој се појави токму во време кога претходниот бран на инфекции со Ковид-19 во Холандија беше на својот врв.

Тој не сакаше да наведе какви дополнителни мерки ќе бидат потребни, но нагласи дека Владата ќе ги послуша советите на здравствените експерти.

Владата на премиерот, Марк Руте треба да се сретне со здравствените советници во сабота, пред да одлучи за новите мерки, а одлуката од вторник ги продолжи мерките кои беа донесени во ноември до 14 јануари следната година, кои вклучуваат затворање на угостителските објекти и повеќето продавници во периодот од 17 часот до 05 часот наутро.

Покрај тоа, на основните училишта им беше наредено да го започнат зимскиот распуст порано поради високата стапка на зараза кај децата, а премиерот Руте потоа објави дека видот Омикрон може да стане доминантна варијанта во Холандија до јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!