Вие имате прво да ја знаете вистината

Не е фер кога водачите не се во затвор: Учесник во хаосот во Капитол сурово казнет, плачеше на судењето

Учесникот во немирите во комплексот на американскиот Конгрес кој нападна полицајци додека тие се обидува да го спречат упадот на приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп, денеска е осуден на повеќе од пет години затвор, што е највисока казна досега за нападот на 6 јануари.

Роберт Палмер од Флорида плачеше додека му кажуваше на судијата на окружниот суд како неодамна го гледал видеото на кое се гледа што прави тој ден, наведувајќи дека не може да поверува што гледа.

Се срамам од она што го направив, рече 54-годишниот Палмер.

Палмер е еден од учесниците во немирите кои во петокот беа осудени пред судот во Вашингтон, пренесува АП.

Поддржувачите на Трамп упаднаа во комплексот на Конгресот на 6 јануари по митингот на кој тој зборуваше, обидувајќи се да ја спречат потврдата за изборната победа на Џо Бајден.

Во немирите загинаа пет лица, повредени се голем број полицајци, а причинета е штета од околу 1,5 милиони долари, јави Гласот на Америка.

Повеќе од 700 демонстранти се обвинети, а Палмер е 65-та личност осудена на затворска казна.

Студентката од Западна Вирџинија, Грејсјн Кортрајт, која упадна во Капитол преку скршен прозорец, но не повреди никого, е осудена на еден месец затвор.

Палмер, сепак, бил во првите редови за време на немирите и фрлил дрвена штица и апарат за гаснење пожар, а потоа со стап ја нападнал полицијата. Тој ја призна вината за напад врз полицајци. Во писмото до судијата тој изјавил дека бил предаден од Трамп и неговите сојузници кои презентирале теории на заговор.

Поддржувачите на Трамп ги лажаа оние кои во тоа време имаа голема моќ. Постојано изнесуваа лажни тврдења за украдените избори и велеа дека наша должност е да се спротивставиме на тиранијата, напиша Палмер.

Тој посочи дека не е фер жестоко да се казнува кога лидерите не се во затвор.

Со таа оценка се согласи и судијата.

Точно е дека луѓето кои ве поттикнуваа и ве охрабрија да се одите и да преземете акција не се обвинети. Ова не е судска одлука. Имам свое мислење, но не е важно, изјавила таа.

Пред Палмер да биде осуден на 63 месеци затвор, најдолгата затворска казна ја добија Џејкоб Чансли, „Куанон Шаман“ од Аризона и Скот Ферлембо од Њу Џерси, кој беше осуден на 41 месец за напад на полицаец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!