Вие имате прво да ја знаете вистината

Ни некои “диктатори” не ги обожуваат како Меси: Мурал висок 60 метри со ликот на Лео се појави нa целата зграда! (видео)

Лионел Меси за многумина беше најдобриот фудбалер на сите времиња, но во татковината секогаш му замеруваа.

Аргентинците не сакаа ниту да го споредуваат асот на Пари Сен Жермен со Диего Марадона и дури го обвинија дека не игра со истата страст во националниот дрес како во Барселона.

Но, откако летово конечно го освои првиот трофеј со гаучосите, а во Бразил стана шампион на Јужна Америка, сега го величаат до небото. Што ќе се случи ако го оствари својот најголем сон и стане светски првак со Аргентина …

Во родниот град на Меси, Росарио, навивачите му оддадоа почит правејќи мурал висок 60 метри на ѕидот на една зграда.

Муралот го прикажува Меси во аргентински дрес со десната рака на градите и сонцето (симбол на Аргентина, кој се наоѓа и на знамето) кое сјае над него.

Локалните уметници Марлен Суријага и Лисандро Уртеага создадоа такво неверојатно дело во чест на седумкратниот добитник на Златната топка.

Делото е дел од проектот Заеднички Меси, кој има за цел да ги прошири сликите на глобалната суперѕвезда низ бројните згради во Росарио.

Навивачите беа воодушевени од овој дел, а за аргентинските медиуми коментираа: „Тој тоа го заслужи од Аргентина, долго време го носеше нивното знаме, почит кон Меси“.

„Меси, најголемиот на сите времиња“, гласи друг коментар, додека еден навивач додава дека муралот изгледа лудо.

Легендарниот фудбалер за репрезентацијата на Аргентина одигра 158 натпревари и постигна 80 голови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!