Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавени се симптомите на омикрон, овие пет заболувања се најчести

Видот омикрон на коронавирусот е присутен во се поголем број европски земји, а првите случаи неодамна се пријавија во Хрватска, Унгарија и Словенија. Британските научници спроведоа студија за да утврдат колку симптомите на омикрон се разликуваат од сојот делта, кој беше доминантен досега.

Податоците добиени од компанијата „Zoe and Kings College“, а објавени од британското научно списание British Medical Journal, покажаа дека повеќето луѓе заразени со видот омикрон пријавиле течење од носот, главоболки, замор, кивање.

Анализата е направена преку апликација меѓу заразените граѓани на Лондон, бидејќи сојот омикрон е поприсутен во главниот град отколку во другите делови на Велика Британија.

На списокот на симптоми објавени од британската влада се и треска, кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, кои беа најчестите симптоми на првата варијанта на коронавирус.

Тим Спектор, научник кој е во првите редови на истражувањето на сојот омикрон, вели дека побарал од британската влада да ја ажурира листата на симптоми уште од појавата на варијантата делта. Пораките што ги испратија од Владата не беа доволно јасни.

Мислам дека повеќето луѓе препознаваат симптоми слични на настинка. На таа листа јас едноставно би додал дека се „симптоми слични на настинка“. Треба да ги едуцираме луѓето, да се вратиме на основите и да кажеме: ако имате симптоми на настинка, држете се настрана од луѓето.

„Не мора да чекате за класичните симптоми на Ковид“, рече Спектор. За да ги споредат симптомите на сојот делта и омикрон, истражувачите зедоа податоци за симптомите на сојот делта од октомври, кога тој вид беше најдоминантен, и сегашни податоци за сојот омикрон.

Првата анализа не покажа јасни разлики помеѓу раните симптоми на сојот делта и омикрон. Тим Спектор истакна дека е клучно јавноста да биде свесна за симптомите поради кои треба да се биде внимателен, особено во областите каде што има висока стапка на инфекција со новиот вид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!