Вие имате прво да ја знаете вистината

Пациент е главниот осомничен за пожарот во Јапонија во кој животот го загубија 24 лица

Еден од пациентите е осомничен дека ја запалил клиниката за ментални болести во јапонскиот град Осака, при што животот го изгубија 24 лица, пренесува новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на полициски извори.

Лицето кое наводно го подметнал пожарот е хоспитализиран помеѓу 27 други повредени во пожарот, кој избувна во клиниката и бил изгаснат откако уништил околу 20 квадратни метри.

Јапонската новинска агенција наведува дека пациентот моментално е во тешка состојба.

Се верува дека 61-годишникот донел запалива течност во хартиена кеса и ја запалил рано наутро а со тоа го предизвикал катастрофалниот пожар.

Полицијата го квалификува случајот како убиство со подметнување пожар и сега се обидува да идентификува 24 жртви од пожарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!