Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешната плејбој зајачица се соблече и го покажа совршеното тело и во петтта деценија, изгледа како “Божица” (фото)

Викторија Силвстет деновиве уживаше на плажа во Мајами со пријателка, а после тоа следбениците на социјалните мрежи ги почести со кадри во бикини.

Шведската манекенка и поранешна плејбој зајачица, Викторија Силвстет (47) деновиве уживаше на плажата во Мајами. Раскошот на своите бујни облини го истакна во жолто бикини, а во таа прилика доби многу пофалби и комплименти на сметка на нејзиниот совршен изглед.

Оваа убавица е вистинска мамка за погледите каде и да се појави.

Викторија често ги споделува своите авантури со повеќе од 800.000 следбеници на Инстаграм. Силвстет се испроба и во манекенството во 1993 година кога ја претставуваше Шведска на изборот за Мис на светот. Набргу потоа, Хју Хефнер ја забележал и ја повикал да позира за магазинот Плејбој, на што таа се согласила. Оттогаш таа се појави во бројни изданија на тоа списание, како што се специјалните изданија на Плејбој и видеата на Плејбој.

Викторија зад себе има еден брак од девет години. Таа е поврзана со голем број мажи, вклучувајќи го и поранешниот сопруг на Памела Андерсон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!