Вие имате прво да ја знаете вистината

По Грција, силен земјотрес ја погоди и Италија!

По силниот земјотрес што утрово ја погоди соседна Грција, тлото потоа се стресе и во Италија.

Според италијанските медиуми, околу 11:35 часот по локално време во Италија е регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 26 километри и шест километри од местото Бергамо, односно 39 километри од градот на модата, Милано.

Италијанската вулканолошка агенција соопшти дека земјотрес со јачина од 4,3 до 4,8 степени бил почувствуван во областа околу Бергамо, во северна Италија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!