Вие имате прво да ја знаете вистината

Сергеј Рјабков: Предлог договорите на Русија можат да ја ублажат тензијата помеѓу САД и Русија!

Односите на Русија со Соединетите Американски Држави сè уште не се достигнале ниска точка, а безбедносните предлози дадени од Москва би можеле да помогнат во намалувањето на тензиите, го цитираа руските медиуми заменик министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Русија соопшти дека сака правно обврзувачки гаранции и дека НАТО ќе се откаже од воените активности во Источна Европа и Украина, како дел од листата на безбедносни гаранции што ги сбараат од Западот.

За прв пат, Москва детално ги изложи барањата за кои тврди дека се од суштинско значење за намалување на тензиите во Европа и за смирување на кризата во Украина.

Мислам дека не сме на најниската точка, благодариме на Бог, постигнат е мал напредок во некои аспекти и не е сè безнадежно – ја цитира изјавата на Рјабков, руските медиуми.

На Москва и требаат стабилни и предвидливи односи со Вашингтон, додаде тој.

Со помош на вакви договори ситуацијата може да се стабилизира и подобри. Без нив ситуацијата ќе остане исклучително тешка и напната, потенцираше Рјабков.

Предлозите на Русија беа објавени во два документа оваа недела – нацрт-договор со земјите-членки на НАТО и нацрт-договор со Соединетите Американски Држави – објавени од Министерството за надворешни работи на Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!