Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Видот Омикрон е регистриран во 89 земји

Новиот вид на вирусот Ковид-19, Омикрон за сега е регирстиран во 89 земји, а бројот на заразени е двојно зголемен во временска рамка од еден до три дена во регионите каде вирусот се пренесува на локално ниво, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). 

Омикрон брзо се шири во земјите со висока стапка на имунитет на населението, но останува нејасно дали тоа се должи на способноста на вирусот да го избегне имунитетот, неговата вродена зголемена преносливост или комбинација од двата фактори, се вели во ажурираниот извештај на СЗО.

Агенцијата за јавно здравје на ОН го нарече видот Омикрон како варијанта на загриженост на 26 ноември, набргу откако првпат беше забележан, и сè уште многу не се знае за видот, вклучувајќи ја и сериозноста на болеста што ја предизвикува.

Податоците за сериозноста на клиничката слика на Омикрон се сè уште ограничени. Потребни се повеќе податоци за да се види профилот на тежината и како таа тежина е под влијание на вакцинацијата и претходно присутниот имунитет, соопшти СЗО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!