Вие имате прво да ја знаете вистината

Силен земјотрес ја погоди Грција: Се почувствувал од Атина до Крит!

Силен земјотрес денес погоди делови од јужна Грција. Епицентарот на земјотресот бил помеѓу Пелопонез и Крит, а според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), јачината на земјотресот била 5,4 степени според Рихтеровата скала.

Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на земјотресот бил на длабочина од 58 километри. Грчките медиуми јавуваат дека овој земјотрес бил почувствуван на целиот пат од Атина до Крит.

Засега нема информации за повредени, ниту за причинета материјална штета од силниот земјотрес.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!