Вие имате прво да ја знаете вистината

Случајот на Лука Модриќ ги збуни Шпанците

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, неодамна беше позитивен на Ковид-19 на брз антигенски тест, но само два дена подоцна на PCR тест тој доби негативен резлутат. Дали тој ќе игра во недела против екипата на Кадиз е се уште под голем знак прашалник.

Протоколите на Ла Лига се многу јасни. По позитивен PCR тест, играчот мора да биде изолиран десет дена, без оглед на бројот на последователни тестови, дури и ако тие се негативни. Но, од друга страна, законите на градскиот округ Мадрид се различни и вакцинираниот граѓанин може да ја прекине изолацијата по добиен негативен тест. Така, Модриќ според овие правила би можел да игра најнормално во недела.

Но, за натпреварот на Реал Мадрид против екипата на Билбао, и гостувањето кај Атлетико во среда, ситуацијата може да биде поинаку. Билбао е во Баскија и нема предвидени протоколи поврзани со Ковид-19 вирусот еднакви како оние во Мадрид. Нивниот здравствен протокол, бара задолжителна изолација од десет дена по добивањето на позитивен тест.

Лука Модриќ на само 24 часа пред натпреварот не знае дали ќе може да игра или не, пишуваат шпанските медиуми во написот со наслов „Случајот Модриќ вроди сомнеж: Дали може да игра играч и покрај позитивен тест ?“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!