Вие имате прво да ја знаете вистината

Тоа Е НАШАТА НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА: Новата Германска влада му врти грб на Северен тек 2, му се закануваат на Путин

Одлуката за изградба на гасоводот Северен тек 2 беше геополитичка грешка на Германија, изјави министерот за економија и заштита на климата во новата германска влада Роберт Хабек.

Северен тек 2 беше грешка од геополитичка гледна точка. Сите европски земји, освен Германија и Австрија, секогаш биле против, вели Роберт Хабек во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Сега е изграден гасоводот. Не е јасно дали може да почне да работи. Тоа прашање треба да се реши согласно европските и националните закони – рече министерот кој доаѓа од Партијата на зелените.

Роберт Хабек потсети дека гасоводот треба да работи во согласност со правилата за поделба на компанијата. Односно, компанија која експлоатира ресурси нема право да ги транспортира. Тие два процеса треба да ги направат две компании.

Тој услов не е исполнет, додаде тој.

За време на минатата влада се вршеше голем притисок да се даде одобрение на Северен тек 2, но без разлика на тоа не беше ставен во функција – рече министерот.

Роберт Хабек и се закани на Русија со остри мерки во случај на војна со Украина. Министерот изјави дека, во случај на ваков развој на ситуацијата, Северен тек 2 може да не работи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!