Вие имате прво да ја знаете вистината

УЛЦИЊ 180 ГОДИНИ ПРЕД СИТЕ, веќе се во 23-от век: Поради еден гаф, луѓето ширум регионот “паѓаат од смеење” (ФОТО)

Кога станува збор за празнично украсување, секој град се труди да биде оригинален и нивната идеа да биде забележана, особено во ерата на интернетот. Дали се светлечки топки, разни Дедо Мразовци, е сосема неважно. Секој сака да се фотографира за време на празниците покрај некое убаво новогодишно осветлување.

Но, новогодишното украсување на градот Улцињ започна на необичен начин и предизвика многу смеа на социјалните мрежи .

Имено, наместо да ја дочекаат 2022 година, тие изгледа „побрзаа“ цели 180 години и поставија сјајна декорација на која се гледа бројот 2202. Секако, тоа набрзо го забележаа корисниците на социјалните мрежи и почнаа шегите.

Добре дојдовте во иднината“, „Улцињ брза во 23 век“, се само дел од бројните коментари низ социјалните мрежи.

Во секој случај, оваа грешка го насмеа целиот регион.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!