Шерон Стоун блесна на црвениот тепих, нејзиниот фустан ги маѓепса и најголемите модни критичари (фото)
Познатата холивудска актерката, Шерон Стоун присуствуваше на премиерата на филмот „The Tragedy of Macbeth“ во Лос Анџелес и повторно успеа да блесне и да го украде шоуто на црвениот тепих.
Шерон Стоун носеше маскерен фустан со леопардски принт кој на прв поглед целосно го покрива нејзиното тело. Интересна креација и беше врзана околу вратот, и имаше ремен околу половината, но тоа откриваше и мал дел од стомакот, што е навистина атрактивен момент.

Фустанот беше надополнет со црн елегантен капут кој го носеше префрлен преку рамењата, држејќи чанта од италијанскиот моден бренд Долче и Габана.
Мора да признаеме дека Шерон изгледаше навистина прекрасно и стилски, но најмногу ги воодушеви присутните со нејзината насмевка и харизма.