Вие имате прво да ја знаете вистината

Пробиени полициските блокади: Хаос во центарот на Виена, има повредени полицајци (видео)

Противниците на епидемиолошките мерки се обидоа да го нарушат божиќниот шопинг во Виена и ги пробија полициските барикади.

Тоа го направија иако полицијата ги забрани протестите до 18 часот, за да им овозможи на трговците непречено да работат по три недели заклучување.

Полицијата уапси неколку лица поради давање отпор, а меѓу полицајците, како што беше соопштено, има повеќе повредени. Движењето против вакцинацијата „Луѓе, слободи, фундаментални права“ (МФГ) организираше протест на Шварценбергплац, а надвор од договорот излегоа на прошетка во центарот на градот, пробивајќи ги полициските барикади.

До денес се поднесени вкупно 38 барања за демонстрации, од кои девет се одбиени.

Меѓу најавените беше и протестот на МФГ, кој доби одобрение да се одржи пред 18 часот, но без можност да се шета низ градските улици.

Стотици учесници, вклучувајќи го и главниот анти-ваксер Мартин Рутер, се собраа во Шварценбергплац.

Најпрво се беше мирно, но потоа неколку учесници почнаа да ја пробиваат барикадата за да го прошетаат градот.

Поворката беше поделена на неколку групи, кои се движеа во повеќе правци.

Голем број демонстранти се собраа и на плоштадот Штефансплац пред катедралата Штефансдом, обидувајќи се да упаднат во црквата, каде што се наоѓа пунктот за вакцинација. Група демонстранти со намера да го попречат божиќниот шопинг успеа да влезе во улицата Маријахифлерштрасе каде има бројни продавници, а упаднаа и во тамошните трговски центри.

Учесниците на протестот, како и досега, носеа знамиња на десницата, но и знамиња на бројни европски земји, меѓу кои и српското знаме, кое често може да се види на демонстрациите на антиваксерите и противниците на епидемиолошките мерки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!