Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден пред 49 години доживеа голема трагедија: Во сообраќајна несреќа ги загуби сопругата и ќерката, секоја година оди на нивниот гроб

Тоа беше трагедија што ја одбележа неговата понатамошна политичка кариера. Ги загубил првата сопруга и ќерката, а синовите беа тешко повредени. Тоа го научи да го извлече максимумот од секоја животна неволја и да ја крене главата, без разлика колку е тешко.

Покојната сопруга на американскиот претседател Џо Бајден и нивните три деца пред 49 години отишле да купат елка по повод Божиќните празници и да се посветат на ситниците кои им се потребни за да поминат среќни и пријатни празници. Беше 1972 година, а на враќање се случи незамисливото што засекогаш ќе го одбележи животот на Бајден.

Камионот удрил во автомобил управуван од Неилија. Сопругата и ќерката на Бајден починаа на лице место, а тој остана вдовец преку ноќ – со две малечки момчиња на возраст од три и четири години, кои беа тешко повредени во несреќата. По смртта на сопругата и едногодишната ќерка, Бајден им се посвети на синовите – Боу и Хантер, кои беа центарот на неговиот свет.

Тоа беше невидена трагедија, цела Америка сочувствуваше со младиот сенатор, бидејќи таа година беше избран за претставник на Делавер. Никој не го обвини за давање заклетва во болничката соба на неговите синови на почетокот на 1973 година, наместо на планираната церемонија: тоа беше една од најтажните заклетви во историјата на Сенатот.

Овој трагичен настан секоја година го одбележува со одење на гробот на својата прва сопруга и ќерка, а потоа во Гринвил, Делавер, целото семејство оди на света миса. Годинаваго придружуваше неговата сопруга Џил Бајден, како и неговиот син Хантер и неговото семејство, додека Бо, за жал, почина во 2015 година поради тумор на мозокот.

Синот на Бајден, Бо, учествуваше во американската инвазија на Ирак, по што стана главен државен обвинител на сојузната држава Делавер, што многумина го сметаа за почеток на неговиот подем на националната политичка сцена. На денот на изборот за американски претседател, Бајден прво отиде на гробот на својот син, кого го сметаше за наследник на политичката сцена.

Оженет со учителката и прва дама Џил Бајден, ја имаше ќерката Ешли. За разлика од нејзините браќа, таа живее помирен живот и работи како социјален работник и моден дизајнер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!