Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ: Следува целосен хаос во Европа! Во петокот “експлодираше” берзата во Будимпешта, колку ќе поскапи струјата во Македонија?

Српскиот претседателот, Александар Вучиќ ги посети рудниците и термоцентралата Костолац.

Најавувајќи дека денес за Свети Никола, кога е негова слава, ќе биде кај рударите, Вучиќ им порача на граѓаните дека нема да има рестрикција на струја, туку дека за него и за сите останати од тој систем нема да има повеќе слава, нема да има Нова година, Божиќ и други празници, за граѓаните да имаат доволно енергија и топли станови.

Овде градиме и блок Б3 од 350 мегавати, кој треба да биде готов за година и пол, ништо не е направено од 1991 година. Воопшто ништо, некои се на власт 12 години и не мрднале со прст. Имаме дефекти на само 500 приклучоци, што е на ниво на статистичка грешка, а лани кога немавме такви проблеми беше речиси три пати повеќе, рече Вучиќ.

Тој потсети дека само Украина и Грузија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата од Србија.

Вчера, наведува тој, потрошувачката на струја во Србија била 116.830 мегават часови, а дека тие произвеле 99.000 мегават часови, а остатокот го имаат увезено.

Пред неколку дена беше многу лошо, но работите се стабилизираат. Имаме пари за евентуални дополнителни количини струја. Утре и задутре ќе имаме дополнителни разговори за гасот. Ќе ја смириме ситуацијата, иако целосен хаос штотуку почнува во значителен дел од Европа, тоа може да се види на сите берзи, а Србија ќе успее да се извлече од ова на начин на кој луѓето речиси ништо не чувствуваат, рече тој.

Инаку во петокот цената на еден мегават “експлодираше”на барзата Кубекс во Будимпешта, која е “референтна” за Македонија, цената на еден мегават електрична енергија достигна вредност од 500 евра, до пред некој ден таа цена беше од 250 до 300 евра, а во текот на летото се движеше од 50 до 60 евра.

На таа тема вечерва во Емисијата Во Центар има интервју со Претседателот на Регулаторната Комисија за енергија, Марко Бислимоски кога ќе дознаеме дали и колку ќе поскапи цената на електричната енергија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!