Вие имате прво да ја знаете вистината

Германската министерка за одбрана: Нема да дозволиме Москва и Путин да ни диктираат што да правиме

НАТО ќе разговара за руските безбедносни предлози, но нема да дозволи Москва да го диктира воениот став на Алијансата, изјави денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за време на посетата на германските војници во Литванија.

Вчера Москва постави список со барања за Западот, кој вклучува повлекување на баталјоните на НАТО од Полска и Естонија, Латвија и Литванија, некогаш дел од Советскиот Сојуз. Русија, исто така, бара правно обврзувачка гаранција дека НАТО ќе се откаже од каква било воена активност во Источна Европа и Украина и ефективно руско вето за идното членство на Украина во НАТО, што Западот веќе го отфрли.

Ќе разговараме за руските предлози. Но, не може Русија да им ја диктира нивната позиција на партнерите во НАТО, а тоа е нешто што многу јасно ќе го укажеме во разговорите следната недела на Советот на НАТО – изјави Ламбрехт за новинарите во Рукла при нејзината прва посета на германските војници во странство.

Таа додаде дека сегашните тензии мора да се решат на дипломатско ниво, но и преку веродостојно одвраќање. Западот и се закани на Русија со остри економски санкции доколку Москва го засили своето воено присуство на границата со Украина. Москва вели дека одговара само на заканите за нејзината безбедност од сѐ поблиските односи на Киев со НАТО.

Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас денеска заедно со Ламбрехт рече дека НАТО не смее да дозволи Москва да ја подели Европа на сфери на влијание.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!