Вие имате прво да ја знаете вистината

Германците му замериле на Владимир Путин: „Па нема Вие да ја диктирате позицијата на НАТО“.

НАТО ќе разговара за руските безбедносни предлози, но нема да дозволи Москва да го одреди воениот став на алијансата, изјави во денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за време на посетата на војниците од нејзината земја во Литванија.

Москва во петокот објави серија барања до Западот, кои вклучуваат повлекување на баталјоните на НАТО од Полска, Естонија, Латвија и Литванија.

Русија, исто така, сака правно обврзувачка гаранција дека НАТО ќе се откаже од воената активност во источна Украина и дека Москва ќе има право да стави вето на евентуалното членство на Украина во Северноатлантската алијанса, што Западот веќе го отфрли.

„Треба да ги решиме актуелните тензии на дипломатско ниво, но и да воспоставиме кредибилен систем за одвраќање“, рече Ламбрехт, новата германска министерка за одбрана од редот на Социјалдемократите (СПД), за време на нејзината прва посета на германските војници во странство.

Германските војници се во Литванија по руската анексија на Крим во 2014 година.

„Ќе разговараме за руските предлози. Но, Русија не може да биде таа што ќе им ја диктира позицијата на партнерите во НАТО, а тоа е нешто што ќе го разјасниме во разговорите што ќе се одржат во Брисел следната недела“.

Западот и се закани на Русија со строги економски санкции доколку го засили военото присуство на границата со Украина. Москва вели дека одговара само на заканите за нејзината безбедност поради военото засилување на Украина и поблиските врски со НАТО.

Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас ја обвини Русија дека сака да создаде јаз меѓу членките на Северноатлантскиот договор и дека не дозволува Москва да ја подели Европа на зони на влијание.

„Мораме да ја поддржиме Украина со сите средства“, рече министерот, што вклучува опремување со оружје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!