Вие имате прво да ја знаете вистината

Емиратите ја отстрануваат цензурата во кината: Наместо тоа воведуваат нова категорија, а еве ги правилата што ги олабавија

Филмовите прикажани во кината во Обединетите Арапски Емирати повеќе нема да бидат цензурирани, објавија денеска властите, најавувајќи создавање на нова категорија филмови што ќе бидат забранети за деца под 21 година.

Филмовите со рејтинг од 21+ ќе се прикажуваат во нивната меѓународна верзија со строга контрола на почитување на старосните ограничувања, објави Канцеларијата за регулација на медиумите на својот Твитер профил.

Цензурата е широко распространета практика во арапскиот свет, особено во многу конзервативниот регион на Заливот.

Сцените од филмовите за кои цензорите веруваат дека може да ги прекршат локалните обичаи често се сечат за време на монтажата или им е забрането да се прикажува целиот филм.

Емиратите, чиво население се 90 отсто странци, започнаа голем проект во последниве години за модернизирање на постојните регулативи бидејќи сакаат да станат една од најотворените земји во Персискиот Залив.

Со цел да се зголеми привлечноста на животот и престојот во Емиратите, властите ги олабавија правилата за ограничување на консумирањето алкохол и на странците им понудија подолг престој во земјата.

Земјата најави и дека на 1 јануари ќе воведе неработен викенд по примерот на западните земји (неработни саботи и недели).

Во другите муслимански земји во регионот неработни денови се петок (денот на големата молитва) и сабота.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!