Вие имате прво да ја знаете вистината

Кога Роберт Кенеди Џуниор организира забава: Антиваксерски прием само за вакцинирани

На гостите кои беа поканети на празничната забава во куќата на еден од најпознатите противници на вакцинацијата, Роберт Кенеди Џуниор, им беше кажано да се вакцинираат или да се тестираат на Ковид 19 бидејќи, како што рече Кенеди, тој „не е секогаш газда во сопствената куќа“.

Во интервју за Политико, Кенеди изјави дека зад таа одлука стои неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс. Тој исто така рече дека не се направени напори да се провери дали гостите биле вакцинирани или неодамна биле тестирани. Роберт Кенеди Џуниор (67) е внук на убиениот американски претседател Џон Ф, а син на Роберт Кенедиј, американскиот државен обвинител, сенатор на Њујорк и кандидат за претседателкса номинација на Демократите. Роберт Кенеди постариот исто беше убиен во 1968 година.

Роберт Кенеди Џуниор водеше кампања за еколошки прашања. На почетокот на оваа година, неговиот Инстаграм профил беше отстранет поради ширење на дезинформации за Ковид 19. Неговата непрофитна организација против вакцинација собра 6,8 милиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!