Вие имате прво да ја знаете вистината

Најмалку 30 момчиња загинаа во брутални обреди на иницијација во Јужна Африка

Најмалку 30 момчња умреле во јужноафриканската провинција Ист Кејп, а 80 се хоспитализирани, за време на традиционалниот сезонски обичај за иницинација, соопшти Домот на традиционалните лидери.

Зборувајќи за локалната телевизија eNCA, Нкоси Ланга Мајусо рече: „Изгубивме околу 30 млади мажи… тие умреа од дехидрација, сепса, несоодветна нега на раните“.

Во Јужна Африка, речиси половина од летната сезона „Улвалуко“ за време на која илјадници млади мажи на возраст од 16 години и нагоре се подложени на традиционално обрежување и слични ритуали кои го означуваат нивниот премин од детството во зрелоста.

Откако ќе бидат обрежани од традиционален лекар, момчињата се очекува да поминат извесно време сами во јужноафриканската дивина. На многу од нив не им беше обезбедена соодветна грижа во процесот, рече Мајусо.

Генералниот секретар на Конгресот на традиционални лидери на Јужна Африка, Золани Мкива, изјави за eNCA дека треба да се преземат драстични потези за да се избегнат непотребните смртни случаи што се случуваат секоја година.

Премиерот на Источен Кејп, Оскар Мабујане, рече дека поголемиот дел од смртните случаи се случиле во илегални училишта за иницијација, нагласувајќи дека нема смртни случаи доколку иницијацијата се изврши правилно.

„Овие училишта не придонесуваат за зачувување на нашите традиции во безбедни услови“, додаде тој.

За церемонијата оваа година се пријавени околу 70.000 момчиња. Оваа практика беше привремено суспендирана од март минатата година до јуни 2021 година поради ограничувањата поврзани со Ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!