Вие имате прво да ја знаете вистината

Ново чудо на градежништвото, ќе биде високо 678 метри, а за негово осветлување ќе се користат 8,4 километри лед светилки (фото)

Станува збор за зградата на Мердек 118 (Независност), чија висина е дури 678,9 метри, а на врвот се наоѓа кула од 180 метри.

Втората највисока зграда во светот се гради во Куала Лумпур, главниот град на Малезија, а ќе биде завршена за неколку месеци! Станува збор за облакодер Мердек 118, што значи „независност“ и неговата висина е дури 678,9 метри.

На врвот на зградата, со вкупна површина од 292.000 метри квадратни, се наоѓа кула висока 160 метри.

Зградата, која доминира во градскиот пејсаж, со нешто помалку од два милиони жители (веќе е центарот на градот), има 118 ката. Во него ќе биде сместен луксузен хотел, станбени апартмани, како и комерцијални, т.е. трговски центар. Кога ќе биде завршена зградата, чија стаклена фасада наликува на дијамант, ќе има дури 8,4 километри LED светилки. На горните катови ќе има луксузен ресторан, базен и теретана, додека под земја ќе се наоѓа гаража на пет ката.

Топ пет – Највисоките згради на Земјата

  1. Бурџ Калифа (Дубаи) 828 метри
  2. Мердека 118 (Куала Лумпур) 678,9 метри
  3. Шангајска кула (Шангај) 632 метри
  4. Кула Абраџ ел бајт клок (Мека) 601 метар
  5. Пинг Ан (Шенжен) 599,1 метар

Сепак, многу Малезијци го критикуваа мегаломанскиот проект од 1,5 милијарди долари како непотребен и губење пари што можеше да се потроши попаметно – за образование и здравствена заштита.

Нивните тврдења ги отфрли премиерот Сабри Јакоб, наведувајќи дека градот и државата ќе имаат бројни придобивки од проектот, кои пред се ќе се одразат на економскиот план.

Оваа кула е икона на градот, вистински подвиг на инженерите, кој ја зацврстува позицијата на Малезија како модерна и развиена земја – изјави малезискиот премиер Исмаил Сабри Јакоб. Шест години, од 1998 до 2004 година, главниот град на Малезија беше дом на највисоката зграда во светот. Кулите „близначки“ Петронас високи 452 метри доминираа на панорамата на Куала Лумпур и многу брзо станаа светска атракција.

Тогаш кулите Петронас ја предадоа титулата за највисок облакодер на зградата Тајпеј 101 (во Тајпеј), но тие беа „владетели“ на Куала Лумпур повеќе од 23 години. Но, тоа ќе се промени следната година, кога конечно ќе биде завршена Мердек 118.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!