Вие имате прво да ја знаете вистината

Потпретседател Октај: Турција меѓу првите десет земји што произвеле сопствен сателит

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека Турција силно се развива и напредува во последните 20 години, а уште еден показател за тој напредок е лансирањето на турскиот телекомуникациски сателит Турксат 5Б во вселената, јавува Анадолија.

Турскиот потпретседател Октај и министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу на церемонија одржана во кампусот Турксат Голбаси во Анкара, главниот град на Турција, заедно во живо го следеа лансирањето на сателитот Турксат 5Б во вселената.

Нагласувајќи дека Турција силно се развива и напредува во изминатите 20 години, Октај рече дека со проектот Турксат 5Б, Турција стана една од првите десет земји што произвела сопствен сателит.

Тој додаде дека Турција зазема поинаков став од другите земји кога станува збор за технологијата.

– Ние не чувствуваме љубомора и не сме себични за технологијата. Турција е земја која ја споделува технологијата со другите, се развива заедно со другите и воспоставува односи во кои сите се победници, рече тој.

Тој посочи дека во денешно време информациите и податоците се многу важни за севкупниот напредок, додавајќи дека компаниите од таа област многу брзо достигнуваат вредност од милијарди, па дури и трилиони долари, што дава голем придонес за економијата.

Караисмаиоглу истакна дека сателитот Турксат 5Б е лансиран во вселената и дека го започнал своето патување откако сите клучни фази на подготовка биле успешно завршени.

– Ќе биде поставен во орбитата во јуни и ќе ги започне своите активности по тест период кој ќе трае месец и половина, рече тој.

Караисмаиоглу посочи дека сателитот Турксат продолжува да се развива, истакнувајќи дека за сателитот 6А ќе се разговара следната година. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!