Вие имате прво да ја знаете вистината

Емотивна приказна за Роналдо која малкумина ја знаат: Татко му починал во болница, потоа се појавил фергусон и Роналдо тоа никогаш нема да го заборави

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед своевремено му дозволи на славниот Португалец да го посети својот болен татко, иако пред нив имаше важни натпревари, но Шкотланѓанецот веруваше дека има работи кои се поголеми од клубот, а една од нив е семејството.

Сите знаат дека еден од најдобрите фудбалери во историјата е Кристијано Роналдо и е еден од најголемите „проекти“ на еден човек – легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, шкотланѓанецот Сер Алекс Фергусон.

Славниот Португалец во два наврати доаѓаше во редовите на „црвените ѓаволи“, најмногу благодарение на Фергусон. Импресивната кариера што ја направи Португалецот покажа колку Ферги има талент за да открие таков талент. После долги години тие повторно се заедно, а сега снимија емисија за својот клуб во која открија бројни детали за нивната соработка.

А една од „шокантните“ вести е секако онаа кога Фергусон му дозволи на Роналдо да го посети татко му. Тоа беше многу одамна, пред повеќе од 15 години, но Португалецот се уште се сеќава на зборовите кои тогаш му ги кажал познатиот менаџер.

Можеби не се сеќава на тоа, но ќе ја раскажам приказната затоа што направи прекрасен гест. Ми рече „Кристијано оди на два или три дена“. Тоа беше кога татко ми беше во болница. Пријдов и прашав дали можам да одам да го посетам бидејќи емотивно ми беше многу лошо поради тоа. Потоа ми рече дека ќе биде тешко бидејќи имаме тешки натпревари, но дека можам да одам да го посетам татко ми. Тоа ми беше важно, тој направи се што ми вети во кариерата – изјави Роналдо со голема доза на емоции.

Секако, своја верзија на приказната имаше и славниот тренер, кој без сомнеж е еден од најзаслужните за кариерата на португалецот.

-Во случајот со Кристијано Роналдо знаев дека татко му е болен и дека сака да биде покрај него. Беше во болница и на Кристијано му беше важно да го посети. Фудбалскиот клуб во тој момент не е важен, некои работи се поголеми. Без сомнение, семејството е едно од нив, никогаш не треба да го ставате клубот пред семејството – изјави Фергусон.

Таткото на Кристијано Роналдо почина во 2005 година по долго боледување. Со години се борел со алкохолизмот, а поради тоа му се создале сериозни здравствени проблеми со црниот дроб, поради што починал на 53-годишна возраст.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!