Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина ТРАЈЧЕ ИВАНОВСКИ, еден од најпознатите македонски театралци и актери

По кратко боледување, денеска почина доајенот на прилепскиот и на македонскиот театар, актерот Трајче Иваноски.

Тој е актер кој спаѓа во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во 1965 година на сцената на Прилепскиот театар, а во пензија е од 2007 година. И во пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на прилепскиот театар. Иваноски бележи 40-годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Има добиено престижни награди.

Учествувал и играл во голем број ТВ драми, серии ,меѓу кои се: детската серија „Втора смена“ „Волшебното самарче“, „Итар Пејо“ како и ТВ серијата „Солунски патрдии“ но и повеќе радио-драмски остварувања. Посебно го негуваше рецитирањето со кое настапи на бројни градски и републички манифестции.

Уте во 11:30 часот во прилепскиот театар „Војдан чернодрински“ ќе се одржи комеморација за актерот Трајче Иваноски. Погребот е на прилепските градски гробишта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!