Вие имате прво да ја знаете вистината

Се врати таму каде што почна, Легендарниот Роналдо го купи клубот во кој тргна да ја пишува историјата (фото)

Легендарниот Бразилец Роналдо Луис Назарио де Лима го купи познатиот бразилски клуб Крузеиро.

Ваквиот потег на Бразилецот сигурно не е случаен, бидејќи тоа е местото каде што Роналдо ја започна својата фудбалска кариера пред да ја продолжи својата одисеја во Европа во 1994 година.

Имам многу да му вратам на овој клуб. Има многу работа пред нас и сакаме да го вратиме Крузеиро онаму каде што му е местото, изјави кратко Роналдо преку директен пренос на социјалните мрежи.

Крузеиро моментално минува низ тежок период, тој е во втората бразилска лига, а минатата сезона заврши на 14. место од 20 екипи во лигата. Последните две бразилски титули ги освоија во 2013 и 2014 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!