Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО објави колку брзо се шири омикрон, Едно прашање предзвикува голема загриженост кај нив

Варијантата на омикрон коронавирусот е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвојува за 1,5 до три дена во областите на пренесување во заедницата, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунизација кај населението, но не е јасно дали тоа се должи на способноста на вирусот да го избегне имунитетот, неговата способност да ја зголеми преносливоста или комбинација од двете, анализираат во СЗО.

СЗО на 26 ноември го дефинираше омикронот како варијанта за загриженост, набргу откако беше прв пат откриен, а варијантата сè уште не е доволно добро изучена, ниту пак сериозноста на болеста што ја предизвикува.

„Податоците за клиничката сериозност на омикрон се сè уште ограничени“, соопшти СЗО. „Потребни се повеќе податоци за да се разбере, вклучително и како на сериозноста влијае вакцинацијата и постоечкиот имунитет.

Во анализата се додава: „Достапните податоци се сè уште ограничени и нема потврдени докази за ефикасноста на вакцината или ефикасноста на омикрон“.

СЗО предупреди дека на некои места болниците би можеле да бидат преоптоварени со толку брз раст на случаите.

„Хоспитализациите во Обединетото Кралство и Јужна Африка продолжуваат да растат и со оглед на брзиот раст на случаите, можно е многу здравствени системи брзо да се преоптоварат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!