Вие имате прво да ја знаете вистината

Сијарто: Унгарија ќе стави вето во случај ЕУ да се обиде да воведе санкции врз Додик

Унгарија ќе стави вето на евентуалниот предлог за воведување санкции на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Сијарто на Фејсбук потсети дека новата шефица на германската дипломатија Аналена Бербок неодамна побарала воведување санкции против Додик.

Загрижени сме поради ваквите изјави, бидејќи БиХ ни е тука, блиску. Зачувувањето на стабилноста и мирот во земјата е наш основен безбедносен интерес. Берлин е подалеку, но не толку далеку што никогаш не би можеле оттаму да летате во Бања Лука. Летајте и преговарајте. Разговарајте со Србите. Со нив, не за нив. Можеби ова ќе ви помогне да ја разберете ситуацијата“, напиша Сијарто.

Тој додаде дека ЕУ може да воведе санкции против кој било само со едногласна одлука на земјите-членки, но дека на сите мора да им биде јасно дека Унгарија нема да поддржи никакви санкции против Додик и дека ќе стави вето на таквиот предлог.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!