Вие имате прво да ја знаете вистината

Талибанците ги отворија границите: Повторно даваат пасоши, кој сака може да си оди, нема храна за сите

Талибанските власти во Авганистан најавија дека од утре ќе продолжат со издавање пасоши, што дава надеж за заминување на граѓаните кои не сакаат да останат во земјата.

Неколку илјади Авганистанци сакаат, покрај неизвесноста околу доаѓањето на талибанците на власт, да избегнат економска криза која се заканува да прерасне во хуманитарна криза поради застојот на меѓународната помош.

„Издавањето пасоши ќе започне утре во три региони, вклучувајќи го и Кабул“, соопштија талибанските власти, додавајќи дека се решени техничките проблеми со уредите за издавање на биометриските пасоши.

Продолжувањето на издавањето на пасошите е тест за добрата волја на талибанците, кои се обврзаа да овозможат заминување на оние кои сакаат да го напуштат Авганистан, а веќе имаат важечки визи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!